| четврток, 6 декември 2018 |

„Монти Пајтон“ снима СФ

Култните „Монти Пајтон“ повторно се собраа да го снимат СФ филмот „Апсолутно Се“ (Absolutely Anything)

Тери Џонс ќе режира научнофантастичен филм во кој ќе се реобедини култната британска екипа од „Летечкиот циркус Монти Пајтон“. Една од улогите му припаднала на Робин Вилијамс.

– Ова не е класичен наш филм но поседува идентичен сензибилитет, изјавил Џонс за Вајарети.

Членовите на „Монти Пајтон“ ќе продуцираат гласови на вонземјански групи на кои земјата им дала моќ да прават што ќе посакаат, за да видат какви се неприлики ќе се случат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top