| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Клиз скапо го чини разводот, мора да ги продава спомените од Монти Пајтон

Џон Клиз, ѕвезда од „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“принуден е да го продава својот имот и спомените за да го плати разводот со поранешната сопруга, Алис Феј Ајхенберг.

Популарниот актер кој минатата година се ожени четврти пат, одлучил да ги распродаде филмските реквизити и потпишаните фотографии кој ги собирал во текот на кариерата, вклучувајќи го и шлемот од фиберглас користен во филмот „Монти Пајтон и Светиот грал“ кој е понуден по цена од 999 фунти (околу 1.200 евра).

Се продава и фотографијата од 1970 година на која ѕвездите од „Монти Пајотн“ смешно одат (35 евра), како и потпишаната фотографија на легендарниот скеч од серијата „Фаличен пансион“ каде Клиз во улога  на Базил Фолтиј, удира со гранка по неговиот црвен „остин 1300“.

Клиз (73), кој минатата година се ожени со Џенифер Вејд која е 31 година помлада од него, се разведе во 2008 година од американската психотерапевтка, Алис Феј Ајхелбергер по 16 години брак.

По решението на судот, наложено му е да и плати 12,5 милиони фунти во пари и недвижности. Поранешната сопруга, меѓу другото, мора да го отстапи станот во Њујорк и куќата во Холанд парк, во западниот дел на Лондон, вредна два милиони фунти. Поради сево ова тој морал да ја продаде неговата куќа на плажа во Калифорнија вредна седум милиони фунти и да се пресели од САД во Монако за да го одбегне високиот данок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top