-Денеска, точно една година по настаните од 24 декември, пред вас гордо стојат луѓето, пратениците што на тој ден беа бедемот против узурпацијата на слободата, против погромот на македонската демократија, против газењето на Уставот и законите – изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред собраниската зграда.

Според него на тој ден биле суспендирани Уставот, законите, институциите. Иако во август, откако СДСМ ги отфрли двете понудени опции, за извештајот и за предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука во интерес на државата и по цена на сопствена штета да гласа и да потпише извештај на ад хок комисијата каков што сака СДСМ, Заев денеска нагласи дека „прекршувањето на Уставот и законот, директно од власта, е констатирано во заклучоците на работната група за настаните од 24 декември. Со тоа, отворен е просторот виновниците да одговараат пред лицето на правдата за стореното дело“.

СДСМ денеска протестираше низ центарот на градот, сметајќи дека 24 декември 2012 година не смее да се заборави. Тој повторно нагласи дека ќе ја врати средната класа, ќе го врател достоинството на граѓаните.
– Македонија ќе стане составен дел на европското семејство на народи. Во Македонија повторно ќе огрее сонцето – рече Заев.
Фото: Ѓ.Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


