| четврток, 6 декември 2018 |

Стоматолозите бараат реорганизација и ефикасна стоматолошка здравствена заштита

Повеќе од сто стоматолози од јавното и приватно здравство учествуваа на одржаната трибина во организација на Стоматолошката комора. Дебатираа и ги изнесоа своите ставови во однос на најбитните прашања од фелата, капитација, вработување и мотивација и превенција. Присутни беа стоматолози од сите региони во земјата.

Имајќи предвид дека во 2004 година се реализираше трансформацијата на стоматологијата, кога над 90% од стоматолошките ординации станаа приватни субјекти, сметавме дека временска дистанца е повеќе од доволна за да направиме пресек на ефектите, недостатоците и последиците врз целокупниот стоматолошки здравствен систем. Целта ни е како стручна фела, директни учесници во овој здравствен сегмент да го дадеме нашето мислење и придонес на кој начин и што треба да се промени за да се добијат подобри ефекти од здравствен, професионален и финансиски аспект – изјави претседателката на Стоматолошката комора на Македонија, проф. д-р Марија Накова.

1497601_10151844062353027_296821609_n

 

Во однос на капитацијата, заклучоците се однесуваат на зголемување на капитацијата, зголемување на лимитот на специјалистичката дејност, остранување на забниот техничар од специјалистичката дејност или примена на комбиниран модел на финансирање, со што би се стимулирале приватните стоматолошки ординации да вработуваат млади доктори по основа на капитација, со што ќе се создадат услови за генерациски континуитет во стоматолошката професија. Овие промени се потребни за стимулирање на професионалците и ефикасност во работата, како и создавање легитимна конкурентност во работата.

1463232_10151844062233027_1310365587_n

 

Посебно внимание на дебатата се посвети на превентивната стоматологија која е финансирана целосно од страна на државата. Исто така, Комората препорачува спроведување систематски прегледи еднаш годишно на децата од претшколска, школска возраст, учениците од средните училишта, студентите и вработените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top