| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка помеѓу средношколци во АСУЦ „Боро Петрушевски“

Поголема група ученици вчера наутро, по претходна расправија, се степале пред училиштето АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје.

По преземените мерки СВР Скопје го расчисти случајот и против Т.А.(15), Ф.С.(15), В.С.(15), С.Е.(15), С.Е.(16), В.Р.(16), В.Љ.(15) В.Л.(16), Д.С.(16), Д.Б.(17), Л.М.(17) и еден четиринаесетгодишен малолетник, ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Нема информација за повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top