Стружанецот Јован Колоски (12) се разбуди од длабока кома по четири години, пишува денешниот број на дневниот весник „Вест“. Тој ја доби битката со лошата болест, која и ден-денес лекарите на успеаја точно да ја дијагностицираат. Јован лани во август се разбуди од кома и почна да живее нормален живот. Лекарите што пред четири години го испишаа од болница како безнадежен случај и ги обвинија неговите родители дека нивната претерана грижа не дозволува тој да умре, сега за него велат дека е македонско чудо од дете.
„Сега Јовче сам се бања, се храни, сам ги извршува физиолошките потреби. За Нова година бевме во Црвениот крст во Струга по пакетче. Побара пенкало и самиот се потпиша на списокот. Тоа ги изненади сите присутни што го поздравија со аплауз. По четири години, фала му на бога, почнавме да живееме нормален живот“, раскажува мајката Мирјана за „Вест“.
Родителите на Јован се многу благодарни на две докторки – Аспазија Софијанова, сегашна директорка на скопската Клиника за детски болести и на Мирјана Перковиќ од Словенија, кои дале се од себе да се спаси нивниот Јован.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


