Политичар од Ќустендил испорачувал фалсификат бугарски пасоши на Македонци.
Во Бугарија се работи на изготвување обвинение против него и групата во која бил, за фалсификување на лични исправи, јави бугарската новинска агенција „Крос“, а пренесе Плусинфо.
Јордан Чипев (58), бизнисмен и лидер на обласната организација на партијата „Бугарска социјалдемократија“.
Покрај него обвинение е поднесено уште против тројца жители на Ќустендил, а случајот е сврзан со апсењето на петмина Македонци под сомнение за фалсификување бугарски документи, вели Крос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



