| четврток, 6 декември 2018 |

Мајами во продолжение ја совлада Атланта (видео)

Десет натпревари се одиграа ноќта меѓу понеделникот и вторникот во НБА-лигата.

Актуелниот шампион во НБА-лигата, Мајами хит, се намачи против екипата на Атланта хоукс, а во продолжение успеаја да слават со резултат 121-119.

Најзаслужен за победата на Мајми беше Леброн Џејмс кој натпреварот го заврши со 38 поени, 8 скока и 6 асистенции. Реј Ален успеа да постигне 19 поени, а по 12 дадоа Марио Чалмерс и Крис Андерсон. Двејн Вејд не играше на натпреварот.

За тимот на Атланта најефикасен беше Џеф Тиг, кој постигна 26 поени.

Индијана Пејсерс продолжуваат со одличните резултати, овој пат тие славеа на гостувањето кај Бруклин Нетс со резултат 103-86.

За победата на Индијана најзаслужни беа Пол Џорџ и Ленс Стивенс кои постигнаа по 26 поени.

Џо Џонсон успеа да постигне 17 поени, додека пак Кевин Гарнет натпреварот го заврши со 12 поени.

Резултати:

Кливленд – Детроит 92:115

Орландо – Њујорк 98:103

Шарлот – Милвоки 111:110

Мајами – Атланта 121:119

Бруклин – Индијана 86:103

Хјустон – Далас 104:111

Мемфис – Јута 104:94

Сан Антонио – Торонто 112:99

Денвер – Голден Стејт 81:89

Феникс – Лејкерси 117:90

Сакраменто – Њу Орлеанс 100:113

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top