| четврток, 6 декември 2018 |

Мис Бахреин со порака до Роналдо: Ќе ти бидам жена ако го прифатиш исламот

saila-sabt

Поранешната мис на Бахреин Шаила Сабт изјавила дека е подготвена да се омажи за фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо, но под услов Португалецот да го прифати исламот.

24 годишната Сабт ја доби титулата мис Бахреин во 2010 година.

– Мојот сон е да се омажам за Роналдо… Немам ништо против да бидам негова втора жена под услов да го прифати исламот, рекла Шаила.

Убавицата е позната актерка во нејзината земја, а хоби и се фудбал, гимнастика, бокс и коњички спортови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top