| четврток, 6 декември 2018 |

Спречено спалување на 100 отпадни гуми кај Вардариште

gumi

Инспекциските служби на општина Гази Баба деновиве спроведува акција за запленување на отпадни гуми, кои се складирани на површини каде постои опасност за злоупотреба на истите.

 Поради честите поплаки од граѓаните за спалување на отпад и отпадни гуми во делот на Вардариште, за време на спроведената акција собрани се околу 100 гуми, или околу 500 килограми од истите. Со ова се спречува можноста за спалување на гумите поради загревање или користење на жицата од внатрешноста на гумите, а со тоа и намалување на загадување на животната средина.

Општината апелира до граѓаните да не палат материи од кои се загадува животната средина и кои го нарушуваат здравјето на луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top