| четврток, 6 декември 2018 |

Три месеци затвор за 0,2 грама марихуана

568766
Kазна поради 0.2 грама марихуана, што е помалку и од половина цигара, доби 25-годишно момче од Окружниот суд во Варна, Бугарија. Дрогата паднала од џебот на обвинетиот Тодоров при полициска проверка пред месец дена, а нејзината вредност се проценува на 1.26 лева.

И покрај малото количество марихуана, судот оценил дека делото не е мало, бидејќи Тодоров е осудуван повеќепати за потешки случаи, а двапати и за поседување на дрога. Новата казна за Тодоров е три месеци затвор под строг надзор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top