Конструкторот Михаил Калашников почина денеска во 94-та година од животот во клиничкиот центар во Удмуртија, Русија јави „Би-би-си“.
Конструкторот на пушката Калашников утрово бил во тешка состојба. Тој бил пренесен во клиничкиот центар на 17 ноември.
Михаил Калашников е конструктор на оружје, доктор по технички науки, најславен по автоматот Калашников. Го носи звањето Херој на Русија. Бил роден во Западен Сибир, во 1919 година како едно од 18-те деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.