Кралското семејство кое 150 години ја убива Македонија
Локација: Софија. Период: 12-14 јули 1935 година. Настан: Рели трка меѓу југословенските „Соколи“ (меѓу нив и Македонци) и бугарските „Јунаци“. Страсна трка меѓу младите автомобилџии и другарство…започнуваат да се редат песни за заедништвото меѓу нив, песни за балканска федерација, за „сиктер“ на лондонските банкари и круните на кобурзите…
Но, се појавува некој „ко овде није наш“, како што велат Србите.
На последниот ден од релито, од никаде се појавуваат сомнителни типови со ромбоидни глави, облечени во бело. Се нарекуваат бугарски „супремацисти“. Вооружени со дрвени палки и синџирите тие дивјачки влетуваат во софиските кафани каде младите балканци се веселат и – тепаат. Се по ред. Бугарските весници, диригирано известуваат за тепачки меѓу „Соколите“ и „Јунаците“ за меѓунационална омраза, за протерување на „циганосрбите“ од Бугарија. Меѓутоа во Софија има и други новинари кои знаат за што се работи и прецизно известуваат.
Горниот вовед на овој текст е парафразиран од книгата „Бугарскиот заговор“ на британскиот новинар Џозеф Свајр, дописник на Ројтерс во тоа време. Оваа книга до ден-денес е забранета во Бугарија. Свајр пишува за искомплкесираноста на бугарското општество со теориите на заговор, но овде ние го преземаме овој настан како извонредна илсутрација на не-делата на европското кралско семејство и трагедијата што му ја приредија (и приредуваат) на македонскиот народ – а и на другите народи…
Руска прогноза за Европа 2035: Голема Албанија со дел од Македонија, Босна нема да постои…
Руски експерти направиле мапа на новата Европа, односно на границите на државите до 2035-та година. Нивните советници биле Збигњев Бжежински, поранешен советник на некогашниот американски претседател Џими Картер и писателот Семјуел Хантигтон. Тие користеле и извори од ЦИА и руската воено-разунавачка служба ГРУ.
Според нив Балканот го чекаат големи промени во следните 20 години. Според оваа група Македонија, ќе го изгуби својот западен на дел во котист на Голема Алабанија, Србија ќе ја изгуби Војводина, а Босан ќе биде поделена меѓу Хрватска и Србија.
(ФОТО) Јохан Тарчуловски го бакнал македонското знаме по излегувањето
Вестите за враќањето на Јохан Тарчуловски од затворот во Германија беа едни од најчитаните.
Нашата екипа замина за Германија од каде испраќаше ексклузивни информации за излегувањето на Тарчуловски кој беше осуден за дело од воениот конфликт во 2001 година.
Тарчуловски и Мијалков на кафе во „Пелистер“ (фото)
Јохан Тарчуловски по пристигнувањето имаше средби со многу луѓе од различни институции, од невладниот сектор, со бранителите. Се сретна и со првиот човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.
Секоја активност на Тарчуловски беше интересна за јавноста.
Видео од превртениот автомобил во кој загина Младенов
Замина македонското новинарско перо. Јавноста се интересираше – што се случи со Младенов, како настанала кобната сообраќајна незгода…
Вестите за прерано починатиот новинар и сопственик на Фокус се вбројаа меѓу најчитаните...
Еве како Теута Арифи им врати на Македонците што гласаа за неа
На новата веб-страница на Општина Тетово нема македонска опција, таа е само на албански јазик, а кога ќе отворите www.tetovo.gov.mk ќе ви се испише целото име и презиме на градоначалничката (http://teutaarifi.com)
Белата чума ја пустоши Македонија
Бројот на Македонците во Македонија се намалува, тоа може да се види многу лесно и во реалноста. Па така, доколку се прошетате во некои предели кои се населени со македонско население, веднаш се добива впечаток дека тие опустошуваат.
Автобус полн со македонски државјани излетал од патот пред Будимпештa
Автобус полн со македонски државјани излетал од патот, пред главниот град на Унгарија, Будимпешта. Беа повредени се 28 лица. Најголем дел од нив Македонци.
Колку била пријателска средбата меѓу Црвенковски и Јакимовски, „Република“ дојде до видео од неа
„Република“ прва објави дека најавата дека Јакимовски би можел да се кандидира за градоначалник на Карпош дошла уште на Извршниот одбор на СДСМ одржан на 14 февруари вечерта, кога на партискиот состанок дошло до караница во која најгласен бил Јакимовски, кој директно го нападнал лидерот Црвенковски за погрешната политика во која ја втурнал СДСМ.
Софија испитува дали Македонци лажно станале Бугари
Новопечените Бугари во Македонија може да имаат проблем бидејќи Министерството за правда на Бугарија почнало да ги истражува сомнителните случаи со вадење бугарски документи.
Сите очи вперени кон Свети Николе: Многу врева за не(и)што
Геоглиф со површина речиси колку едно фудбалско игралиште се наоѓа во Овче Поле, близу Свети Николе. Јасновидлив од хеликоптер, авион и, секако, на мапите на „Гугл ерт“. Дел од локалното население е запознаено со постоењето на ова место повеќе од 15 години, а нема сомнеж дека за тоа била свесна и поранешната југословенска армија. Деновиве научници, авантуристи, истражувачи од целиот Балкан поминуваат во Свети Николе интересирајќи се за многуте (над)природни феномени во околината. Неодамна за тоа проговори и хрватскиот независен истражувач Домагој Николиќ. Тој излезе со тврдење дека гробот на Александар Македонски се наоѓа кај Свети Николе, а Александар Македонец не бил Грк, туку Македонец. Археолозите во земјава не сакаат многу да коментираат. Велат дека тоа не смее да добие политичка заднина. Тоа само ќе нанесе штета на натамошното ископување и утврдување.
Македонецот кој ги спречи Сталин и Тито да предизвикаат Трета светска војна
Сосема бенигно, по малку навино, во македонските медиуми се појави веста дека Македонец бил советски премиер. Уште една интересна вест за успехот на Македонците во светот. Но, кога решивме малку повеќе да прокопаме по животот, кариерата и предците на Ѓорѓи Максимилијанович Маленков, претседателот на советот на министри на СССР, дојдовме до апсолутно фасцинантна животна сторија.
Маленков не само што е Македонец, туку и човек што имал директно влијание врз животот на денешна Македонија – и не само на Македонија, туку и на светската историја!
Васко Ефтов ја погреба СДСМ
Информациите дека Зоран Заев ќе биде нов претседател на најголемата опозициона партија значи дека СДСМ се распаѓа.
Новинарот Васко Ефтов кој важи за близок на дел од најсилната фракција во оваа партија под контрола на Наташа Савова на својот фејсбук профил денеска им честиташе на Струмичани затоа што добиле претседател на партија и во исто време им изразува сочувство на членовите на СДСМ.
Албанскиот премиер постави мапа од Голема Албанија во владата
Албанскиот премиер Еди Рама постави карта на Голема Албанија во конференциската сала во зградата на владата. На ѕидот зад говорница е поставена карта без граници, која го носи името Албанија.
Мапата е прилично стара и, како што се гледа во сликата, ги вклучува сите територии разделени на земјата на Арбриа, наследена од Илирите и од Пелазгите.
Заев го „откачи“ Љубчо Георгиевски
Не ни требаат луѓе кои што можат да донсеат 100 гласа во битката против ВМРО – ДПМНЕ а поради коалицијата со нив партијата да изгуби 1000 верни членови. Оваа порака преку Алсат М на коалициониот партнер на СДСМ – ВМРО Народна му ја упатил новиот лидер на СДСМ Зоран Заев на лидерот на ВМРО Народна Љубчо Георгиевски.
Проклетство е вградено во зградата на Собранието?
Собранието да се претвори во музеј и да се изгради ново Собрание, чиишто темели ќе бидат удрени во независна Македонија, предлага уметникот Александар Станковски.
Тој ја опсервира поврзаноста на историјата на објектот во кој е сместено Собранието на Република Македонија и поврзаноста на тие настани со случувањата во законодавниот дом од осамостојувањето на државата до денес.
Што најмногу читавте од статиите поврзани со македонската естрада? Проверете на следниот линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.