| четврток, 6 декември 2018 |

Грабеж во „Танц со ѕвездите“

tanc so zvezdite site

Од првата сезона „Танц со ѕвездите“

Крадец насилно го отворил автомобилот на Раде Василев, костимограф во шоуто „Танц со ѕвездите“, и оттаму украл фустан за една од танчарките во популарното шоу чија втора сезона на Македонската радио-телевизија (МРТ) ќе почне да се емитува на 31 декември.

– Се замолува крадецот кој насилно ја отвори колата на нашиот костимограф Раде и го украде фустанот наменет за „Танцот со ѕвездите“, да го врати фустанот затоа што фустанот нема друга намена, освен за танчарката која ќе настапи во шоуто – велат од шоуто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top