| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Ацо Конга

aco konga

Почина Ацо Богдановски- Конга, познат музичар и поранешен член на групата “Нокаут”. Тој почина на педесетитригодишна возраст по долга битка со тешката болест. Македонската јавност пред 3 месеци иницираше хуманитарна акција, неговите колеги пееја за Конга, но се чини се беше залудно.

Конга остана без десната рака, поради рак на зглобот. Но не се откажуваше од борбата. Велеше, ќе се борам со болеста и имам голема надеж дека ќе ја победам.

Неговото семејство, сопругата, ќерката и синот беа 24 часа покрај него.

Гледам дека им е тешко, но имаат сила заедно со мене да се борат. Тие се мојата најголема поддршка, надеж и мотивација да издржам, да истрајам – велеше Конга.

Ракот кај Конга се ширел брзо. Тој во едно свое интервју дадено за Теа модерна раскажуваше дека сѐ се случило одеднаш, кога вадел торба од багажник на автомобилот и почувствувал силна болка во раката.

За лекување му беа потребни 15 000 евра. Изјавуваше дека помислил да ја продаде семејната куќата, за да може да се спаси, но не можел семејството да го остави без дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top