Хрватската пејачка Северина повторно го тужи Милан, а овој пат поради користење на нивното дете во медиумски цели, според пишувањата на хрватските медиуми.
Северина и Милан почнаа судскиот процес поради старателството и правата за посета на малиот Александар, а сега пејачката поднесе нова тужба.
Во неа се наведува дека Милан го користел двегодишниот Александар медиумски за да се промовира, додека, пак, адвокатите на Милан тоа го сметаат за смешно.
– Само таа се фотографираше за насловните страни, сама или со детето, а го искористи и за една рекламна кампања. За сето тоа на таткото не му беше кажано – вели Љубо Павасовиќ, адвокат на Милан.
Северина неодамна рече дека приказните на Милан за тоа дека не може да го гледа детето се обични лаги, додека, пак, тој ги демантираше сите нејзини изјави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.