И легендарниот Џиџи Буфон мораше да ја вади топката од мрежа, по цели 744 минути без примен гол во италијанското првенство, а го совлада Максимилијано Моралес од Аталанта.
Во 15. минута од вчерашниот дуел во Серија А, меѓу домашната Аталанта и Јувентус, Моралес стрелаше прецизно за израмнување на 1-1 во тој момент, и за прв гол што го примил Буфон по пауза од цели осум меча во новиот шампионат.
На легендарниот голман му се сметаат и последните 10 минути од дуелот со Фјорентина на 20 октомври. Тогаш Јувентус загуби со 2-4 во Фиренца, а последниот гол го даде Џузепе Роси во 80. минута. Оттогаш, па сѐ до мечот против Аталанта, вчера, мрежата на Буфон мируваше на 8 натпревари во Калчото. Стрелците на Џенова, Катанија, Парма, Наполи, Ливорно, Удинезе, Болоња и Сасуоло не успеаја да го совладаат 35-годишниот репрезентативец на Италија.
Со 744 минути, Буфон е на осмото место на вечната листа со најдолга минутажа без примен гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.