| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени 250 илјади денари од куќа во Битола

Од незаштитена куќа во Битола се украдени девизи и златен накит, информираат од МВР.

Според информациите на полицијата, кражбата се случила на улицата „Солунска“, каде што од куќата на П.И. се одземени 32.000 денари, 2.500 евра, 1.130 австралски долари, како и разновиден златен накит.

Полицијата работи на откривање на сторителот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top