На подрачјето Град Скопје и неговата околина во текот на изминатите три дена се случиле 28 сообраќајни незгоди.
Во петокот се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив пет се со последица материјална штета, пет со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патнички моторни возила, еден пешак и еден возач на мопед.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле и една незгода со мала материјална штета во која е пополнет Европскиот извештај.
Сообраќајната полиција во саботата извршила увид на осум сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, две се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патнички моторни возила.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во 21 часот и 40 минути на магистралниот пат Скопје – Блаце, во близина на тунелот. Во сообраќајката учествувале патничко моторно возила „фолсваген пасат“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Тетово. Како последица од незгодата, со тешки телесни повреди се здобило едно лице, а две лица се здобиле со полесни повреди.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле и две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Во неделата извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди од страна на сообраќајната полиција. Од нив седум се со последица материјална штета, три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле три лица во својство еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак.
Во текот на викендот се откриени и санкционирани 38 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај.
Спроведена е и контрола на брзината на движење на возилата при што се санкционирани 24 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на истата, од нив 10 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место.
Од останатите откриени прекршоци преземени се мерки против петмина возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 20 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците и 36 возачи кои ги паркирале своите возила на пешачките премини, автобуските стојалишта и во зона на крстосница.
Во текот на изминатите три дена со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 60 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во сообраќајот продолжува со едукативни работилници на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ во ОУ „Наум Наумовски Борче“ на територијата на општина Гази Баба со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани при што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.