| четврток, 6 декември 2018 |

Венгер ги изненади главните луѓе во УЕФА

Неодамна европските тренери имаа состанок во Женева за да говорат за трендовите во модерниот фудбал.

Укинете го правилото гол на гости, им порача на УЕФА тренерот на Арсенал, Арсен Венгер. На оваа тема Венгер како пример го даде ланскиот натпревар од Лигата на шампиони меѓу Арсенал и Баерн Минхен. Дуелот заврши со вкупен резултат 3-3, но, сепак, Баерн помина понатаму.

– Лани загубивме дома од Баерн со 3-1, а потоа славевме со 2-0. Многу е тешко да им се дадат два гола, а при тоа да не примите ниту еден. Правилото гол на гости има голема тежина и нема оправдувања за тоа. Мислам дека тоа правило има спротивен ефект бидејќи главна цел на тренерите е да не примат гол. Од УЕФА беа изненадени со мојот предлог, но мислам дека тоа е главниот проблем во денешниот фудбал – објасни Венгер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top