| четврток, 6 декември 2018 |

Сања Лефкова заљубена до уши во Мики

sanja lefkova

 

Сања Лефкова е заљубена до уши. Пејачката веќе извесен период е во врска со Мики, кој по професија е угостител, а дека љубовта цвета потврди и самата пејачка за Вечер.

“Пресреќна сум, убаво ни е. Не знам што повеќе да кажам. Заљубена сум и тоа е најважно”, рече Сања.

Таа и Мики се познаваат долги години. Најпрвин биле пријатели, а потоа пријателството прераснало во љубов.

sanja lefkova2

“Се знаеме многу време. Бевме пријатели. Спонтано се случи се и еве дојде време и официјално да и го претставам на јавноста”, вели убавата пејачка од Кочани.

Мики ја освоил со својата скромност и внимание и токму тоа е она што најмногу ја импресионирало пејачката.

“Скромен е, внимателен, ми обрнува внимание. Исто така е и многу искрен и тоа навистина ми значи”, откри Сања која новогодишната ноќ ќе ја помине во едно скопско кафуле каде ќе ги забавува гостите, а веднаш после настапот заминува на заслужен зимски одмор со саканиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top