| четврток, 6 декември 2018 |

Паласио со пета го победи Милан

Inter-Parma

Градското дерби во Милано му припадна на тимот на Интер совладувајќи го градскиот ривал Милан со 1-0. Единствениот гол за „нероазурите“ го постигна Паласио со прекраасен гол со пета од непосредна близина на голот на Абиати. Тој доби прекрасна топка од десната страна од Гуарин и ја искористи шансата за освојување на три бода.
Агонијата на Милан продолжува и не само што е далеку од место на табелата кое води во Европа следната година, туку и е на само шест бода од зоната за испаѓање.
Интер се искачи на петтото место со 31 бод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top