| четврток, 6 декември 2018 |

За Заев 6-7 милиони евра се „средна класа“

zaev slikaЗоран Заев, лидерот на СДСМ во интервју на МРТ вели дека  сѐ уште е дел од средната класа, иако за капиталот на неговото семејство изјави дека изнесува 6-7 милиони евра.

-Лично јас спаѓам сѐ уште во средната класа, но доаѓам од богато семејство кое што има 820 вработени. Капиталот е проценет на некои шест-седум милиони евра, во кредити се исто толку пет-шест милиони евра, апсолутно влезени да се докажеме пред општеството, обидувајќи се редовно да дадеме плата и платиме даноците на државата и генерираме нови производи, нови продукции кои значат нови инвестиции. Се што имаме е овде во Македонија- вели Заев при гостувањето во Дневникот на МРТ.

За тоа како тоа возможно со 6-7  милиони евра да бида дел од од средна класа, Заев вели:

-Тоа е моето семејство, мојот анкетен лист е реално достапен на јавноста. Мојот имот лично заедно со возилата мои и на сопругата вреди некои 60-70-80 илјади евра. Јас сум транспарентен политичар и реално она што со мојот работен век од некои 17 години години го имам создадено и секако моето семејство- вели Заев.

Тој вели дека дури 90 отсто неговиот и капиталот на семејството е создадено додека ВМРО-ДПМНЕ бил на власт, за потоа да оцени дека во Македонија нема деловна бизнис клима за водење.  Тоа отвора прашање како фирмите на Заеви заработиле толку многу ако деловниот амбиент во Македонија е лош, како што вели тој. Заев не спомна дека истовремено е и градоначалник на Струмица, кога тој и неговото семејство се поврзани со повеќе скандали за делење на тендери.

-Нашиот имот е во делот на фирмите, фирмите се покриени со кредити. Еве реков, колку е вредноста на имотот по проценки отприлика се  и кредити и апсолутно не бегаме од тоа, ние се гордееме, тоа е создадено, пред се 90 отсто е создадено додека ВМРО-ДПМНЕ бил на власт. Граѓаните го чувствуваат деловниот амбиент, тука се бизнсимените, тука се вработените во сите фирми, сите знаат како живеат денеска. Деловниот амбиент во Македонија е за жал на минимум од целиот регион од по странски инвестиции. Домашните инвеститори престанаа да инвестираат, ако е добар деловниот амбиент зарем нема да имаме дополнително охрабрување, одважување да земеме кредити, да ги заложиме куќите. Нема никакви инвестиции во РМ- оцени Зоран Заев во интервју во дневникот на Јавниот сервис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top