| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешната кометалка Аморим најдобра на светското првенство

Handball Women World Championship

Големо признание за поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров Едуарда Аморим која е прогласена за најдобра ракометарка на светското првенство во Србија. Аморим ја доби наградата во силна кионкуренција, пред се во сонародничката Алехандра Насцименто. Аморим играше за поранешнито европски првак Кометал Ѓорче Петров од 2006 до 2009 година.
На големо изненадување, во најдобрата седморка на шампиониатот немаше место за Насименто и за Србинката Андреа Лекиќ. Двете ракометарки играа во финалето, а во текот на целиот турнир одиграа одлично. Бразил во завршниот меч за златен медал ја победи Србија со 22-20.
Еве ја најдобрата постава на првенството:

ГОЛМАН: Барбара Аренхарт (Бразил)

ЛЕВО КРИЛО: Марија Фискер (Данска)

ЛЕВ БЕК: Сања Дамњановиќ (Србија)

СРЕДЕН БЕК: Анита Горбич (Унгарија)

ДЕСЕН БЕК: Сузан Милер (Германија)

ДЕСНО КРИЛО: Сун Хе Во (Ј. Кореја)

ПИКЕР: Драгана Цвијиќ (Србија).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top