| четврток, 6 декември 2018 |

Корупција во Турција: Министерот за полиција поднесе оставка

muammer-guler-1387450062Турскиот министер за внатрешни работи Муамер Ѓулер понудил оставка поради апсењето на неговиот син во вторникот при полициската антикорупциска акција.
Во изјава за агенцијата Анадолија, Ѓулер рече дека се уште не знае дали премиерот Реџеп Тајип Ердоган ќе ја прифати неговата оставка.
Синот на Ѓулер, Бараш, заедно со синот на министерот  за економија Зафер Чаглајан, се меѓу 24-та уапсени под обвинение за коупција. Сите уапсени се лица блиски до Владата или владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган.
Според непотврдени информации, Бараш Ѓулер е осомничен дека за паричен надомест посредувал при илегални трансфери на пари меѓу познати бизнисмени.
Турските медиуми јавуват дека во следниве неколку дена Ердоган ќе изврши реконструкција на неговата Влада, во чии рамки од функциите ќе бидат сменети тројца министри, кои на локалните избори во март следната година ќе се кандидираат за градоначалници.
Сепак, според медиумите, не е исклучено покрај овие тројца министри, Владата да ја напуштат и Ѓулер и Чаглајан, како министерот за животна средина и урбанизам Ердоган Бајрактар, чиј син исто така беше приведен во вторникот, но по сослушувањата беше ослободен во петокот вечерта.
Полициската акција Ердоган ја оцени како заговор против него, тврдејќи дека зад неа стои „држава во држава“ која има за цел да го оцрни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top