Поставена бомба експлодира денеска во еден автобус во израелското место Бат Јаму, близу Тел Авив, набрзо по евакуацијата на присутните во возилото.
Како што соопшти портпаролот на израелската полиција Луба Самри, патници ја откриле бомбата во една оставена торба во автобусот, по што возачот наредил сите веднаш да го напуштат возилото.
Само неколку секунди по евакуацијата на патниците, бомбата експлодирала, нагласи Самри, додавајќи дека при експлозијата нема повредени.
Полицијата претпоставува дека бомбашкиот напад е дело на палестинските екстремисти, иако Бат Јаму во минатото беше познато како место на пресметка меѓу криминалните групи, при што беа користени и експлозивни направи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.