| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на МЦМС: Турција најпријателска, а Германија најреспектирана земја

anketaТурција е најпријателска, а Германија е најреспектирана земја од глобален аспект. Ова е мислењето на македонските граѓани што го покажуваат резултатите од најновото теренско истражување на Институтот за демократија направено за потребите на МЦМС, насловено како „Глобално водство и соседство“, спроведено на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници во втората половина на ноември.

Одговарајќи на прашањето од гледна точка на глобалната политика, без оглед на нејзиниот однос кон Македонија, за која земја во светот имате најдобро мислење, 14,5 % од испитаниците се изјасниле за Германија, по што следат САД со 11,2 % и Швајцарија со 9,7 %, Турција 6,9 % и Албанија 4,5 %.

Што се однесува пак до тоа која земја е најпријателски наклонета кон Македонија, за 16 % од испитаниците тоа е Турција, по што следат Србија 12,2 %, САД (8,2 %), Германија (8,2 %) и Албанија (5,8 %).

Турција и Србија се на првите две позиции и кога се однесува за мислењето за најдобар сојузник на Македонија. Приближно исто е расположението како и за претходното. Поточно за Турција се изјасниле 14,6 %, а за Србија 11,6 %. САД ги сметаат за најдобар сојузник близу 11 %, Германија 5,8 %, а Словенија 3,7 %. Сепак, најголем дел, близу 17% ниту една земја не сметаат дека е најдобар сојузник за нашата држава.

Она што е интересно во ова истражување, е фактот дека постои еден вид национален консензус за тоа која земја е најдобра, најпријателска и најдобар сојузник за Македонија. За што има хомогеност и по етничка и по партиска припадност. Најдобар пример за тоа е САД за која се изјасниле 11 % Македонци и 11,3 % Албанци, односно 10,4 % симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и 11, 5 % на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top