| четврток, 6 декември 2018 |

Борко јунак на Гумерсбах во победата над Лемго (видео)

Борко Ристовски беше главен јунак во тимот на Гумерсбах во победата од 33:32 над Лемго. Гостинските ракометари три пати не успеаја да го совладаат од седмерец голманот на македонската репрезентација во последните минути, па Гумерзбах забележа значајна победа во битката за опстанок.

Најнапред на две минути до крајот ја имаше првата клучна интервенција, па на 42 секунди до крајот Бенџамин Херт биеше, но Ристовски одбрани при 32:32, а четири секунди пред последниот свиреж на судиите тоа не му успеа ниту на Тим Шнајдер. Во меѓувреме, Унгарецот Барна Путич на 1:03 минути до крајот го постигна победничкиот гол за Гумерзбах, а 11 секунди пред крајот Јерг Лицелбергер беше исклучен, по што на сцена стапи македонскиот репрезентативец. Неговата екипа сега е на 14 место со 14 бода во лигата од 18 екипи, од која испаѓаат последните две.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top