| четврток, 6 декември 2018 |

Мараја Кери ги покажа облините во бикини

Пејачката и мајка на близнаци, Мараја Кери на нејзиниот профил на Инстаграм објави фотографија на која можеме да видиме како изгледа во бикини.

43-годишната Мараја моментално се наоѓа во Аспен каде ќе ги помине новогодишните празници со нејзиното семејство, сопругот Ник Канон и близнацие Марокан и Монро.

– Сопругот и јас секогаш се фокусираме еден на друг, но овој Божиќ ќе биде поинаку бидејќи се ќе биде околу нашите деца кои се доволно големи да ги разберат празниците – вели пејачката.

Она што е интересно на оваа фотографија е тоа што Мараја во бикини е излезена на снег да го прошета кучето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top