Полицијата откри десет килограми марихуана спакувана во алуминиумска фолија во автомобил марка БМВ управуван од 37 годишен скопјанец кој завчера на Блаце се обидел да влезе во земјава.
Дрогата била спакувана во 13 пакувања и скриени под задните седишта на автомобилот. Полицијата ја пронашла и со тоа пресекла меѓународен канал за трговија со дрога од Косово преку Македонија до западно-европските пазари.
Случајот е поврзан со минатонеделната заплена на 140 килограми марихуана на граничниот премин Делчево. Зад двата случаи стоел 22 годишниот М.Т кој од минатата недела е во притвор.
„За реализирање на транспортот М.Т набавил возило марка „БМВ“ за кое што од сопственикот на ПМВ обезбедил согласност и одобрение за управување на туѓо моторно возило на име на Ф.Б. По обезбедување на возилото Ф.Б преку ГП „Блаце“ се упатил во Косово каде ја преземал наркотичната дрога и ја сместил во наслонот на задните седишта и под задниот браник од возилото. Пронајдената растителна материја е предадена на одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР на Р.Македонија, и по извршеното вештачење утврдено е дека се работи за висококвалитетна марихуана со вкупна нето тежина од 9,760 килограми“, се вели во информацијата од полицијата.
Запленетата количина на марихуана на нарко пазарот во западноевропските земји на големо би достигнала цена од околу 30.000 евра, а на мало околу три пати повеќе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


