| четврток, 6 декември 2018 |

Од Фукушима истекле 1,6 тони радиоактивна вода

Во јапонската нуклеарна централа Фукушима-1 е забележано уште едно истекување на вода со зголемена присутност на радиоактивни супстанци, соопшти компанијата оператор на централата, ТЕПКО.

Надвор од заштитните ѕидови, околу цистерните со радиоактивна вода на територијата на четвртиот блок истекле 1,6 тони течност.

Според ТЕПКО на литар течност се измерени 93 бекерели стронциум-90, а нормалната вредност е десет бекерели.

Се препотставува дека причината за несреќата е оштетување на темелите на заштитните ѕидови, како последица на силните дождови во регионот изминатите денови.

Енергетската компанија тврди дека радиоактивната вода не се влеала во морето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top