Светскиот модел Хајди Клум неодамна изјави дека не сака повеќе деца бидејќи мисли дека четири се сосема доволно.
– Нема повеќе деца. Четири се сосема доволно. Кога ќе бидам стара сакам да спијам. Немам повеќе време за такви работи – рече Хајди.
Популарната Хајди исто така откри како ќе ги помине новогодишните празници.
– Дојдоа моите родители па празникот ќе поминеме во фамилијарна атмосфера. Убаво е да се биде дома – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.