Вечерва на „Џузепе Меаца„, Интер ќе го пречека Милан, а Бразилецот Рикардо Кака има посебна желба, посакува стотиот гол во дресот на Милан да го постигне токму против „нероаѕурите“. Миланското дерби секогаш е посебен меч во Серија А.
Првиот гол во италијанското Калчо Кака исто така го постигна против Интер, пред цела деценија, во 2003 година. Оттогаш, има постигнато пет гола против Интер на официјални мечеви, плус еден во ТИМ-купот, и уште еден на пријателски натпревар, но во дресот на Реал Мадрид.
– Отсекогаш сум го обожувал миланското дерби. Тогаш Милано е на нозе, фановите на двата тима живеат за триумф на својот тим, а секако и ние играчите. Да играш за Милан, а да му дадеш гол на Интер, тоа е нешто посебно. Се сеќавам на првиот гол. Гатусо центрираше, а јас со удар со глава ја погодив целта. Се надевам дека и вечерва ќе постигнам погодок, ќе биде тоа јубилеен стоти погодок за мене во дресот на Милан и не би имало ништо поубаво од тоа да му го дадам токму на Интер – рече Кака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.