Дванаесет натпревари се одиграа ноќта помеѓу саботата и неделата во НБА лигата, Лејкерс беа поразени од Вориорс, Оклахома сигурна, а Мемфис славеа во „Големото Јаболко“.
Екипата на Лејкерс на синоќешното гостувањето кај Голден Стејт Вориорс загубија со резултат 102-83.
Дејвид Ли постигна 19 поени и 10 скока за победата на Голден Стејт, а одличен беше и Андре Богут со 12 и дури 20 скока, а Стефон Кари и Клеј Томпсон постигнаа 18, односно 17 поени. За тимот на Лејкерс најефикасен беше Ник Јанг со 17 поени, а Џордан Хил натпреварот го заврши со 10 поена и 17 скока.
Оклахома во дерби натпреварот на гостувањето кај Сан Антонио славеше со резултат од 113-100.
Расел Вестбрук беше одличен со 31 поен, додека пак Дурант мечот го заврши со 17 поени, Реџи Џексон постигна 21 поен, а Серж Ибака постигна 14 поени а исто толку и скокови.
Кај домаќините Тим Данкан и Марко Белинели постигнаа по 17 поени, а Паркер беше најефикасен со 23.
Резултати:
Њујорк – Мемфис 88-95
Бостон – Вашингтон 99-106
Орландо – Сакраменто 100-105
Портланд – Њу Орлеанс 110-107
Феникс – Далас 123-108
ЛА Клиперс – Денвер 112-91
Голден Стејт – Лејкерс 102-83
Милвоки – Филаделфија 116-106
Шарлот – Јута 85-88
Чикаго – Кливленд 100-84
Сан Антонио – Оклахома 100-113
Детроит – Хјустон 97-114
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.