| четврток, 6 декември 2018 |

Мараја Кери ги налути борците за човекови права

Мараја Кери пеела два часа на гала вечерата спонзорирана од страна на компанијата која е во сопственост на ќерката на претседателот Хосе Едуардо дос Сантос, кој наводно наредувал убиства на политичари, новинари и активисти кои му се спротивставувале, а за тоа пејачката си заработила два милиона долара.

– На Мараја веројатно никогаш не и доста од диктаторски пари, а наводно сега добила и повеќе од еден милион долари за настап. Пред пет години таа и пееше на фамилијата Гадафи, а сега настапува за еден од најкорумпираните тирани. Жалосно е да се чуе колку пари добила од Дос Сантос, а поголемиот дел од народот во Ангола живеат со помалку од два долари на ден – изјави претседателот на Фондацијата за човекови права Тор Халворсен.

Неодамна од истите причини на критика наиде и пејачката Џенифер Лопез.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top