Управител фирма од село Злеово, Радовишко, како и четворица во други фирми се осомничени дека правеле малверзации со добивање земјоделско земјиште од Министерството за земјоделство и потоа ја оштетиле државата за речиси 90.000 евра, објави МВР.
Полициската станица во Радовиш поднеле кривична пријава против С.Т.(48) од село Злеово, управител на ДЗПТ „Хрислаславско Поле“ ДООЕЛ од село Злеово како и против правното лице за кривични дела продолжено кривично дело и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство и против Д.Т.(57), Р.Д.(52), вработен во „Димитириев продукт“ – Радовиш, А.Г. (80) и С.Ј.(34), вработен во ДОО „Економија“ – Струмица за помагање, а во врска со злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство.
Во текот на јуни 2012 година, откако Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансто бил објавен јавен оглас за давање под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост на долг рок, С.Т. склучила договор со другите пријавени за купопродажба на трактори за потребите на ДЗПТ „Хрислаславско Поле“, чиишто сопственици се другите пријавени, иако знаеле дека претходно за продажба на тракторите имале склучено договори со други лица. По ова, С.Т. наведените договори заедно со другата документација ги доставила до Министерството во врска со распишаниот јавен оглас и се стекнала со право на користење и владеење вкупно 259.45,43 метри квадратни државно земјоделско земјиште за период од 30 години. Исто така, пријавените со неплаќање на годишна закупнина за 2012/2013 година, го оштетиле Буџетот на РМ во вкупен износ од 5.521.680 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал до скандал во училиштето во Радовиш: Оџата во училиште го повикала директорката, чиј сопруг е секретар на општината
-
Пожарникарите од Радовиш под истрага: Од противпожарната единица направиле коцкарница
-
Кривични пријави за пет лица од Радовиш: Краделе дрва и им се заканувале на шумарите дека ќе ги тепаат
-
Командир од Радовиш заработи кривична: Огранизирал игри на среќа во службена просторија



