| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ во серија од две победи во АБА-лигата

mzt krka _000

МЗТ Скопје одигра одличен натпревар по подолго време и заличе на оној стариот од минатото првенство. Денеска во Крагуевац ја победи домашната екипа со двоцифрена разлика 79-69. Ова е втора победа по ред за македоснкиот шампион по победата над Црвена Ѕвезда. Во текот на сите 40 минути тимот од Аеродром ја контролираше играта и не им дозволи на противничките играчи да размислуваат за пресврт и да ги освојат бодовите.
Одлично функционираше одбраната која беше клучна за победата. Нападот разноврсен со висок процент за шут од далечина, и со многу скокови под противничкиот кош што овозможи реализација на нападот од втора шанса.
МЗТ се одлепи во втората четвртина и таа разлика со мудра игра ја сочува до крајот на натпреварот.
Тренерот Мартич со чести измени успеа да го надмудри противничкиот тренер кој не успеа да најде против игра во текот на целиот меч.
Сите играчи на МЗТ кои се најдоа на паркетот во текот на натпреварот одлично ги изработија доверените минути од тренерот и се бореа за секоја топка.
Дури четворица играчи имаа двоцифрен број на поени. Гечевски ја предводеше листата со 13 коша, пред Дејвис со 12 и Лучиќ со 11 поени и осум скокови. Одлично деби во тимот од Скопје имаше и новиот играч Џонс кој даде 11 поени и три украдени топки.
Ова беше последното коло од првиот дел во јадранската лига, но нема да има пауза и веќе во следното коло МЗТ гостува во Словенија кај тимот на Унион Олимпија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top