После 20 години, конечно е потпишана платформа за соработка на здруженијата на македонските иселеници кои егзистираат и делуваат во егејскиот дел на Турција.
Од македонско-турското здружение Македонија-Еге, велат дека платформата содржи насоки и делувања кои ќе дадат свој допринос за нашата земја.
-Ова е резултат на средбата со иселениците која ја оствари премиерот Никола Груевски, како и на иницијативата на амбасадорот Горан Тасковски, и ангажманот на економскиот промотор во Измир, Алев Сулејман. На овој свчен чин присуствуваше претседателката на Македонско-турското здружение Македонија-Еге, Нина Пандурска, која со својата организација допринесуваше за уште поголема соработка и зближување со здруженијата од Егејска Турција – велат од Македонија -Еге.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.