| четврток, 6 декември 2018 |

Семејствата кои оснатаа без домови во големиот пожар во Топанско ќе добијат нови куќи

pozar skopje

Семејствата кои останаа без своите куќи во големиот пожар во скопската населба Топанско поле ќе добијат свој дом, беше решено на денешната владина седница.

На сите настрадани семејства ќе им бидат реновирани куќите и ќе добијат онолку квадрати колку што поседувале и пред пожарот. Реконструкцијата на нивните домови ќе почне во најскоро време за што се издвоени околу 14 милиони денари. Домовите повторно ќе добијат покрив и ѕидови, а за задоволување на основните потреби за опремување ќе помогне Министерството за труд и социјална политика.

Според информациите искажани од министрите Зоран Ставрески и Неждет Мустафа, на располагање за помош на семејствата се ставени околу 280.000 евра.

На семејствата околу 40.000 евра ќе им бидат доделени од скопскиот градоначалник Коце Трајановски, додека 20.000 ќе обезбеди градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов истакна дека 90 проценти од семејставата се згрижени кај роднини и пријатели, додека едно семејство со деца е згрижено од Министерството во домот „25-ти Мај“ каде имаат пристојни услови за живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top