| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: 2013 не беше најлошата година

obama tazen

2013 година не беше најлошата година од мојот мандат – смета американскиот претседател Барак Обама . Тој смета дека  2014 би можела да биде одлучувачка за државата, поради долгата рецесија и бавно закрепнување. Обама  во своето обраќање, пред празничното семејно патување на Хаваи, рече дека САД во текот на периодот кој што го поминал во Белата куќа имале подеми и падови.

Според последните истражувања неговиот рејтинг е најнизок или на многу ниско ниво, од како е на местото претседател на САД, со оглед на тоа што има помалку од 50 проценти поддршка од гласачкото тело.

По тој повод Обама изјави дека неговиот рејтинг варирал во текот на целата негова кариера, но дека доколку се грижел за тоа никогаш не би се кандидирал на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top