| четврток, 6 декември 2018 |

Синодот расправа за Трескавец

Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА расправа за мерките кои треба да се преземат за што побрзо да се обнови светилиштето , изгорениот манастир Трескавец.

Се претпоставува дека манастирот го запалила застарената електрична инсталација или пак оџаците на ќумбето кои биле поврзани во собата до камбанаријата.

Засегнатите институциите како Заводот, Прилепскиот музеј и јавните претпријатија ги согледуваат состојбата во манастирот Трескавец, а од недела ќе почне расчистувањето на последиците од пожарот.

Пожарот избувна во понеделникот околу 14 часот. Искушеникот Калист и гостинот се обиделе да го изгаснат, но кога сфатиле дека не можат сами, случајот го пријавиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top