
-На почетокот на кариерата луѓето ме доживуваа како арогантна личност и егоист. Меѓутоа не можете да освоите 20 трофеи ако имате големо его. Тоа е нешто што го измислија медиумите и со што морам да живеам. Ја почитувам секоја личност, особено колегите фудбалери, бидејќи се занимаваме со иста работа – вели најдобриот играч на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ за официјалниот сајт на клубот.
Ибра минатата сезона постигна 30 голови на 34 натпревари и беше најзаслужен што ПСЖ ја освои титулата првак на Франција. Во досегашниот тек на сезоната има постигнато 22 голови на 23 натпревари, а неговиот тим во моментов е лидер на табелата.
-Јас сум како виното. Како стареам, станувам се подобар, вели Швеѓанецот.
Пред ПСЖ, Ибрахимовиќ играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


