| четврток, 6 декември 2018 |

Мико: Американските лидери треба храбро да извршат притисок врз Грција за спорот со името

jasonmiko

Спорот за името меѓу Грција и Македонија првенствено треба да биде европско прашање, а САД поактивно да се вклучат. Европските и американските лидери треба да преземат храбра чекори и да извршат поголем притисок врз Грција, која го започна овој проблем. Доколку тие работат заедно и извршат притисок врз Грција, можеби ќе се реши проблемот, иако се сомневам во тоа. Она што верувам дека мора да се случи е дека ЕУ и НАТО треба да ги реформулираат своите правила и процесот за прием – вели американскиот аналитичар Џејсон Мико во интервју за  „Гласот на народот“.

Според него, оваа генерација Македонци и идните генерации  секогаш ќе треба да се борат за зачувување на името на Македонија, идентитетот, јазикот и културата. Тоа можеби не е фер, но е реалност. Поголемиот дел од светот, вели, веќе го признава името на Македонија, идентитетот, јазикот и културата, па смета дека Македонија е победник во тој поглед.

– Нашите грчки пријатели знаат дека ова е вистина и тоа е причината зошто тие толку упорно се борат да го избришат името на Македонија, идентитетот, јазикот и културата. Мојата порака е едноставно да се продолжи со добрата борба, вели Мико.

Запрашан за коментар за обраќањето на американскиот амбасадор Волерс за идентитетот, Мико вели од витално значење е да се направи разлика помеѓу идентитет вкоренет во нашата националност и идентитет вкоренет во нашето државјанство.

– Етничкиот идентитет и идентитетот на државјанство се две различни работи и како одраз на тоа треба да разбереме дека државјанство значи да се има одредени права и одговорности како индивидуални членови на пошироката заедница и како дел од „општествен договор“ вкоренет помеѓу индивидуата и државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top