Со оглед на повеќедневната концентрација на честички помали од 10 микрометри (РМ10) во воздухот, Град Скопје повторно ги повика скопјани, како и стопанските субјекти, сите заедно да придонесат за намалување на загадувањето со придржување кон препораките.
Од Градот Скопје препорачуваат сите товарни возила кои вршат достава на стока, работата да ја вршат во временскиот период од 19 до 7 часот.
Воедно, најавуваат зголемување на фреквентноста на сите линии по кои сообраќаат автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, а ги охрабруваат граѓаните да ги остават своите возила и да го користат јавниот превоз. – Со ова според експертите драстично би се намалила концентрацијата на (РМ10) честичките во воздухот, се вели во соопштението од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.