| четврток, 6 декември 2018 |

„Архангел“ по 2 години пауза вечерва пред македонската публика

Елитната македонска филхармонија, која со дел од својот оркестар е  придружба на „Архангел“, е водена од маестро Саша Николовски-Ѓумар. По двегодишно отсуство од сцената, вечерва, македонскиот рок-состав „Архангел“ во спортскиот центар „Борис Трајковски“, во придружба на Македонската филхармонија, ќе нѐ потсети зошто низ годините важеа за група со најдобри настапи во живо.

Во текот на својата 25-годишна кариера, овој состав има издадено 5 албуми, 4 студиски и еден во живо. Вечерва имаме ретка можност овие извонредни дела да ги слушнеме оплеменети со звуците на најелитниот музички оркестар во земјава, Македонската филхармонија предводен од диригентот чии успеси се запишуваат од Русија до Софија.

Во согласност со предизвикот, односно елитната Македонска филхармонија и Саша Николовски-Ѓумар, „Архангел“ во оваа пригода ќе се појави како шестчлена рок-формација, убедливо најмоќната во неговата долгогодишна кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top