Маглата вечерва го попречува нормалното одвивање на авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, а намалена е и видливоста на патиштата во скопскиот, кумановскиот, велешкиот и тетовскиот регион.
Поради густата магла не се реализирани полетувања и слетувањата на аеродромот „Александар Велики“ за Хамбург, Мулхаус и Истанбул.
Според ЈП Македонија пат, пак, вечерва појава на магла има на патните правци Скопје – Велес каде видливоста е 50-100м, Скопје- Куманово со видливост 80-100м. и Скопје- Тетово од 80-100м видливост.
Сообраќајот на сите останати магистрални и регионални патни правци во Републиката се одвива тековно, по суви коловози. На планинските превои и осојничавите места коловозите се наместа влажни. Поради ниските температури можна е појава на голомразица. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево,
Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


