ЕУ и формално потврди, преговорите со Србија почнуваат на 21 јануари. Денеска, како што јави Танјуг била усвоена и рамка за преговорите. Сите заклучоци официјално треба да ги претстави претседателот на Советот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј.
Според усвоената рамка за преговори, прво ќе се отворат поглавјата 23 и 24, за правосудството, полицијата и основните човекови права.
Министерскиот совет претходно расправаше за Србија на самитот каде се собраа 28 шефови на држави и и влади на земјите членки. На првата меѓувладина конференција ЕУ-Србија, ќе претседава Грција, која од 1 јануари го почнува шестмесечното претседавање со Унијата.
Отворањето на првите поглавја се очекува во втората половина од следната година. Според усвоената рамка за преговори, прво ќе се отворат поглавјата 23 и 24, што се однесуваат на правосудството, полицијата и основните човекови права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


