| четврток, 6 декември 2018 |

Загаденоста продолжува, пациентите се множат, градежниците си тераат по свое

vozduh-skopje-zagadenoЗагаденоста во Скопје околу пладне шест пати над дозволеното. На мерните места од Лисиче до Карпош и денеска е регистрирана многу висока концентрација на штетни честички во воздухот. Слична е состојбата и во тетовскиот,кичевскиот и битолскиот регион. Засега ситуацијата во болниците не е алармантна. Од клиниката за пулмологија за Сител велат дека имаат зголемен број на пациенти. Тоа било вообичаено за овој период од годината и не можело  да се поврзе со аерозагадувањето.  Ниту во Брзата помош не е регистрирано зголемување на бројот на интервенции поради загадениот воздух исконбиниран со маглата, јавува Сител

Трет ден на сила се мерките  за заштита на населението од загаденоста. И денеска голем број на фирми не ја почитуваа одлуката на владата на отворено да се работи само од 11 до 17 часот. Трудовите инспектори извршиле 34 вонредни контроли и казниле 17 градежни компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top