| четврток, 6 декември 2018 |

Уганда: За хомосексуалност казна доживотен затвор

Парламентот на Уганда усвоил нацрт-закон со кој се заоструваат казните за хомосексуалност, а во нив влегува и казната доживотен затвор за прекршителите.

Во нацрт-законот е предвидена и затворска казна доколку некој не ѝ пријави нечија хомосексуална активност на полицијата, пренесува „Би-Би-Си“.

Лидерите во светот, меѓу кои и американскиот претседател, Барак Обама, го критикуваат ваквиот закон, а некои од донаторите најавија дека би можеле да ѝ ја прекинат помошта на Уганда доколку не ги почитува правата на хомосексуалците.

За нацртот да стане закон останува уште да го потпише претседателот на државата Јовери Мусевени.

– И официјално сум нелегален – искоментирал по гласањето во Парламентот активистот за правата на хомосексуалците од Уганда, Френк Мугиша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top