Од денеска во книжарницата на „Три“ во ГТЦ почнува уште едно издание на Зимскиот фестивал на книгата, книжевен настан, кој секоја година носи богата книжевна понуда на нови изданија, промотивни настани и големи попусти на огромниот избор книги што „Три“ ги има во својата понуда. Целта на фестивалот е истакнување на значењето на книгата како подарок што носи вистинска вредност, кој поврзува и создава трајни спомени.
Фестивалот ќе трае до 15 јануари 2014 година. Во исто време, оваа празнична понуда ќе биде достапна и на интернет-книжарницата на ТРИ – www.kniga.mk
Топ 5 предлози на ТРИ за овој период се:
ЗА НЕА – Четириесет правила на љубовта од Елиф Шафак, Соголена пред тебе од Силвија Деј, Понекогаш доаѓа среќа од Винка Саздова, Белешките на Лајла Грејс од Марија Јаневска и Ракописот од Акра од Пауло Коелјо.
ЗА НЕГО – Моќта на позитивното мислење во бизнисот од Скот Вентрела, Се гледаме на врвот од Коста Петров, Стив Џобс од Волтер Ајзаксон, Што и да мислиш, мисли го спротивното од Пол Арден и Убијци без лица од Хенинг Менкел.
Топ 5 причини зошто да подарите книга на девојка
#5 Девојките не можат да се приврзат за нов џемпер како што можат за нова книга.
#4 Еј, момци, книгата лесно се витка!
#3 Ги има во сите големини, форми и бои – нема поубав избор!
#2 Поевтина е од романтично патување, а го дава истиот резултат.
#1 Со книгата подарувате љубов и радост – и создавате вечни спомени.
Топ 5 причини зошто да подарите книга на момче
#5 Книгите лесно се чуваат – на маси, полици, наткасни или бироа.
#4 Книгата не се расипува колку долго и да ја чува, па во неа може бргу да ужива или долго да ѝ се насладува.
#3 Со книгата ќе учи, ќе се надградува и ќе се забавува – а таа и ќе го оттргне од фудбалот.
#2 Книгата е мала инвестиција што носи доживотна дивиденда.
#1 Книгата е совршен подарок за уживање што не бара од него да стане од столот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.